Македонската женска ракометна репрезентација успеа да освои бод против Турција, иако се надеваше од стартот на Европското првенство на победа токму против дебитантот на овие натпреварувања. На крајот, ако се земат сите грешки кои ги направија „црвено-жолтите“, Кристијан Грчевски и неговите избранички треба да бидат среќни со ремито (25-25).
Лидер на овој меч беше капитенот, Сара Ристовска која постигна осум гола. На крајот нашата ракометарка беше прогласена на МВП на мечот. И денеска видовме специјални голови од нејзиниот богат репертоар.
ЕХФ ЕУРО кратко напиша: Сара Ристовска 𝐌𝐚𝐬𝐭𝐞𝐫 𝐨𝐟 𝐭𝐫𝐢𝐜𝐤𝐬𝐡𝐨𝐭 (Трик удари).
Македонија после 16 години успеа да освои бод на едно Европско првенство. Последен пат победа запиша во 2008 година.
Во последното коло на ЕП 2024 година нашите ракометарки силите ќе ги одмерат против Унгарија, еден од домаќините, дуелот се игра во понеделник.