Кој можеше да претпостави дека ТФТ и тоа како ќе си има проблеми со Вардар, со тимот кој во изминатите седум кола нема победа. Сепак на крајот ТФТ сп 79:80 успеа да победи и да дојде до нова победа со која и натаму ќе биде на врвот на табелата.
Вардар пружи силен отпор, младите “црвено – црни“ одиграа навистина одлично, но кога беше најпотребно сепак не успеаја да го изненадат својот денешен противник.
Победникот беше решен во последните секунди од мечот и со реализирани слободни фрлања, а Вардар имаше своја шанса, но како што веќе рековме не успеа.
Кај победничкиот состав Хајтон реализраше 18 поени,додека Бајрам кај Вардар успеа да дојде до 31 поени.