Како што дознаваме, Фудбалската федерација на Македонија го одложи утрешното 17.коло од ПМФЛ за во вторник, кога и ќе се играат натпреварите од ова коло.
Како што велат нашите информации, единствената причина за оваа одлука на надлежните во Фудбалската федерација на Македонија се временските услови кои владеат во Македонија. А познато е кога врне дожд или снег какви се нашите терени, просто е невозможно да се играат фудбалски натпревари.
Секако дека оваа одлука на ФФМ е на место, ако веќе се знае дека за добар и квалитетен фудбалски натпревар потребни и неопходни се и квалитетни терени.