Попладнево се одиграа сите осум средби во ВМФЛ. На неколку терени, со оглед на временските услови, се играше “ватерполо“, но тоа е нашата реалност.
Во Штип, домашната Брегалница со 2:0 го победи Охрид и освои екстра значајни три бода во битката за врвот. Стрелци на головите беа Томовски и Стојков.
Во Ѓорче, домашната Македонија ЃП со 1:0 го реши Арсими и со тоа остана на лидерската позиција на табелата. Детонит со 3:1 го “скрши“ Башкими и со овие три бода се приклучува кон водечките на табелата.
Скопје на екстремно лошиот терен со 2:0 го совлада Новаци.
РЕЗУЛТАТИ – 14.КОЛО
Борец – Беласица 0:1
Брегалница – Охрид 2:0
Детонит – Башкими 3:1
Скопје – Новаци 2:0
Кожув – Победа 1:0
Македонија ЃП – Арсими 1:0
Осогово – Саса 1:3
Вардар (Н) – Вардарски 6:1
ТАБЕЛА
Македонија ЃП 35, Брегалница 32, Башкими 29, Арсими 26, Детонит 24, Саса 24