МЗТ Скопје се намачи со Кожув, но дојде до планираните бодови

35

МЗТ Скопје дојде до шестата победа оваа сезона, откако на домашен терен потешко од очекувањата го совлада Кожув со 69-63 во меч од осмото коло. Актуелниот македонски првак благодарение на добрата игра во третата четвртина успеа да дојде до целиот плен.

Гевгеличани на одморот водеа со 35-40, но „сино-белите“ по одморот влегоа многу подобро во мечот, третата четвртина ја добија со 22-14 и тука го направија важниот чекор кон бодовите.

Браќата Војдан и Дамјан беа лидери со по 13 поени, со тоа што првиот имаше дабл-дабл, додаде 12 скока, додека пак Дамјан зад своето име имаше 8 скока. На другата страна Пилепиќ запиша 21 поен, Стевановиќ имаше 18 поени.

МЗТ Скопје има скор од шест победи и три порази, додека на другата страна Кожув го запиша четвртиот пораз, има исто толку победи.

ПретходноКомо и Монца одиграа без победник (ВИДЕО)
СледноВардар 1961 и ГРК Охрид со планирани гостински бодови!