Шампионот како гостин играше во Битола: Е. Пелистер без проблеми со Струга, Костески одличен по враќањето од повредата!

94

Во меч од 13.коло во нашата елитна ракометна лига, денеска во Битола тимот на Е.Пелистер против Струга забележа убедлива победа од 43:25. Велиме како гости ако се знае дека овој меч требаше да се игра во Струга, бнно поради фактот дека салата “Нико Нестор“ во Струга прокиснуваше, во последен момент беше одлучено да се игра во Битола.

Јасно е дека квалитетот на Пелистер дојде до израз, посебно во второто полувреме кое битолчани го добија со повеќе од убедливи 24:8, додека во првиот дел и не беше така едноставно, ако се знае дека резултатот бепе 19:17.

Треба да се каже дека ова беше прв меч на репрезентативецот Костески кој се врати по повредата и одигра одлично, постигнувајќи шест голови.

Најефикасен на мечот беше Кузмановски со 9 голови.

Ова беше единаесетти триумф на Е. Пелистер во изминатите 13 натпревари.

ПретходноМалолетен фан на Рајо се извини, ама сепак доби казна за расизам кон Винисиус!
СледноВМФЛ: Брегалница го победи Охрид, лидерот со нов триумф, Детонит славеше против Башкими