Винисиус во проблеми – пристигна обвинение од Ла Лига

109

Винисиус Жуниор е во тешка ситуација поради објава на социјалните мрежи, Ла Лига го обвини Бразилецот за пиратерија, против која жестоко се бори.

Инаку, станува збор за фотографија која Винисиус ја објави додека го следеше натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

„За време на натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал, Винисиус на Инстаграм објави фотографија на која го гледа натпреварот. На екранот се гледа логото на ТНТ Спорт. Ова е пиратерија.

Кога некој ги гледа натпреварите од Лигата на шампионите во Шпанија, тоа мора да го направи преку каналот Мовистар, кој ги поседува ТВ правата за ова натпреварување кај нас“, се вели во жалбата на Ла Лига.

Бразилецот поради повреда не ни отпатува за Англија, па мораше да го гледа овој натпревар на телевизија.

Реал има многу повредени играчи покрај Винисиус кој не можеше да игра на натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул. Натпреварот на „Енфилд“ заврши со резултат 2:0 во корист на тимот на „црвените“, кој е на врвот на табелата и има максимален учинок досега.

Од друга страна, Реал не е во завидна ситуација, бидејќи по петтото коло е само на 24. место.

ПретходноВеќе нема дилеми: Ова се 32 учесници на Светското клупско првенство 2025 година!
Следно19-годишната Јанкуловска во радарот на ЕХФ (ВИДЕО)