Хари Кејн се повреди вчера на натпреварот на Баерн против Борусија Дортмунд. Тренерот на Баварците, Винсент Компани по натпреварот проговори за неговата состојба. Овој меч од 12. коло во германската Бундес-лига заврши без победник 1-1.
Во 33. минута поради повредата Кејн ја напушти играта. За него по мечот во Дортмунд проговори Винсент Компани, белгиски стручњак и тренер на Баерн.
“Хари рече дека повредата не е премногу сериозна. Да се надеваме. Ќе направиме тестови и ќе видиме што ќе се случи”, изјави Компани.
Да потсетиме, Хари Кејн пристигна од Тотенхем во Баерн во август 2023 година и е незаменлив во стартниот тим на германскиот тим.
Сезонава на 19 натпревари постигна дури 20 гола и запиша девет асистенции во сите натпреварувања. Вкупно, откако дојде во Баерн, одигра 63 натпревари и постигна 64 гола со 21 асистенција.
Останува да видиме колку долго ќе паузира Хари Кејн.