Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове кој колабираше на теренот во 17. минута од денешниот натпревар против Интер, е добро. Вакви вести стигнуваат вечерва од Италија.
Последните информации од Фиренца велат дека Едоардо Бове се разбудил од кома и е надвор од животна опасност. Италијанските медиуми јавуваат дека Бове разговарал со сите околу него, а во моментов се верува дека колабирал поради епилептичен напад.
На Едоардо Бове ќе му буде извршено снимање со магнетна резонанца, која ќе даде нови информации за неговата состојба.