По фантастичниот старт на сезоната, во последно време никако не му оди на ПСЖ. Луис Енрике се соочува со големи проблеми, се чини дека и стратегот на “светците“ и дефинитивно ја загуби соблекувалната. Има големо незадоволство, а како по обичај каде има проблеми таму е Осман Дембеле. И тој и Енрике не кријат дека едноставно не се “мирисаат“. Францускиот репрезентативец е навикнат да си тера по свое, да живее во својот замислен свет, а јасно е дека тоа на Енрике му пречи.
По оние синоќешни 1:1 против Нант на “Паркот на Принцовите“, но и по катастрофалните резултати во Лигата на Шампионите, страстите зовреа и миоже да се очекува да или Енрике да добие отказ или Дембеле да “одмара“ извесно време.
Енрике има проблем и со дефанзивецот Пренсел Кимпембе кој по долгата пауза поради повреда сега е фит, но уште не добива шанса да се врати во првиот тим а тоа секако дека му пречи. Па и тој имал што да му каже на Луис Енрике.