ЕХФ ЕУРО ги објави најдобрите потези од третиот ден на Европското првенство кое се одржува во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Македонија игра во Дебрецин, а вчера после 16 години успеа да освои бод на континенталните натпреварувања. Тоа го стори против Турција, мечот заврши 25-25, а противникот имаше шанса од слободен удар да дојде до победа, но тука беше расположената Јована Мицевска која не го дозволи тоа.