Пред неколку дена Ливерпул го победи Реал Мадрид со 2:0 во натпреварот од Лигата на шампионите, а дури сега на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа срамниот потег што физиотерапевтот на „црвените“ го направи кон Арда Ѓулер.
Имено, во една ситуација лекарскиот тим на црвените истрча на теренот за да му покаже помош на еден од играчите на домашниот тим, а како што обично се случува, играчите на двата тима им пријдоа на физиотерапевтите да се освежат.
Во торбите, меѓу другото, имаат и шишиња со вода, која служи за освежување на играчите на сопствениот тим, но и на противничкиот тим.
Кога на теренот се појавил еден од физиотерапевтите на Ливерпул, Ѓулер пријде да му земе вода од торбата, но на шок кај турскиот играч, тој одби да му даде вода и се оддалечи од Ѓулер.
It’s just a bottle of water, let the boy have it! 😅🤷🏻♂️ pic.twitter.com/isWJTkfMcM
— Arda Güler HQ (@iHQGuler) November 28, 2024
Овој потег го шокираше играчот на Реал Мадрид кој се виде на неговото лице, а сето тоа го сними еден од навивачите кој беше на трибината пред местото каде што се случи сето тоа.
Потегот на физиотерапевтот ја разочара фудбалската јавност, а навивачите на Реал жестоко ги критикуваа „црвените“ на социјалните мрежи.