Пеп за првпат во кариерата загуби четири првенствени натпревари по ред

267

Манчестер Сити загуби четири натпревари по ред во Премиер лигата за првпат по 16 години. Избраниците на Пеп Гвардиола загубија на гостувањето кај Ливерпул со 2:0 во 13. коло од Премиер лигата.

Пред ова „граѓаните“ загубија од Борнмут (1:2), Брајтон (1:2) и Тотенхем (0:4). Ова не му се случило на Сити во Премиер лигата од август 2008 година.

Покрај тоа, Пеп Гвардиола загуби четири првенствени натпревари во низа за првпат во својата тренерска кариера.

По мечот, Пеп Гвардиола проговори за скандирањата на навивачите на Ливерпул за неговото отпуштање.

„Ќе бидеш отпуштен наутро!“, скандираа на „Енфилд“ домашните навивачи.

„Тие сакаат да ме отпуштат. Посакувам да беа пољубезни. Зошто не го направија ова кога резултатот беше 1:0? Зошто не го направија ова минатата сезона кога ја освоивме Премиер лигата? Зошто сега сакаат да ме отпуштат? Не го очекував ова од Енфилд. Од другите клубови како Брајтон можам да го разберам тоа. Но, не го очекував ова од Енфилд, можеби се работи за почитта што ја заслужуваме. Тие знаат дека освоивме шест титули во Премиер лигата“, рече Гвардиола.

ПретходноРаботнички му одржа лекција на Пелистер и го втурна во криза (ФОТО)
СледноИ дамите на Фарски Острови испишаа историја: Освоија бод против поранешниот македонски селектор