Во големото дерби на хрватскиот шампионат, Хајдук на Александар Траковски на „Пољуд“ во Сплит го победи Динамо на Ристовски и Адеми со 1:0 и се врати на врвот на табелаа, оставајќи го својот лут ривал на третото место со седум бода помалку. Зад Хајдук во моментов е и Риека.
Ова е втора победа на Хајдук над Динамо сезонава по онаа во Загреб на 13 септември со голот на Ливаја. Сличен расплет имаше и денешниот меч, само човек на одлука беше Нико Сигур, кој во 54. минута постигна гол за ерупција од радост на домашните фанови.
Ристовски беше стартер за Динамо, додека Адеми остана на клупата. Шанса кај домашните не доби и Трајковски, кој исто така остана на клупата за резерви.
Тимот на Гатузо игра одлично и би можел да смета на битка за титулата до крајот на сезоната.
Niko Sigur goal! Wins the ball back and scores a good goal to give Hajduk Split the 1-0 lead vs Dinamo Zagreb. His 3rd goal of the season. #CanMNT pic.twitter.com/NqDy5mdOoP
— Ismael Koné Enthusiast🇨🇦🇱🇧 (@LFCYussef6) December 1, 2024