Сите се чудат што направи Ѓоковиќ во само 24 часа (ВИДЕО)

805

Ботафого синоќа го освои трофејот за победникот на Копа Либертадорес, во одлично финале го победи Атлетико Минеиро со 3:1. Сепак, во центарот на вниманието на овој меч беше Новак Ѓоковиќ, кој изненади многумина кога се појави на култниот Монументал во Буенос Аирес.

Само еден ден претходно, Ѓоковиќ беше во Катар каде ја следеше Формула 1, која се одржува во Лусаил, но еден од најдобрите тенисери на сите времиња синоќа беше и на големото финале на Копа Либертадорес.

Ѓоковиќ беше почесен гостин на Монументал, а непосредно пред почетокот на натпреварот ја имаше честа да го додели трофејот кој на крајот го освои тимот на Ботафого.

Неверојатниот Ѓоковиќ за само 24 часа успеа да го проследи тренингот на Формула 1 во Катар и да биде на другиот крај на светот, каде во главниот град на Аргентина го следеше големото финале за јужноамериканскиот шампион.

Интересно е што по пристигнувањето во Буенос Аирес, Новак на аеродромот го пречека неговиот поранешен голем ривал Хуан Мартин дел Потро.

ПретходноВашингтон го запиша 14. пораз во серија и месецот го заврши без победа (ВИДЕО)
СледноВинсент Компани откри детали за повредата на Кејн