Манчестер Сити е во агонија, Пеп Гвардиола за првпат во кариерата нема победа на шест меча во серија. Евидентни се проблемите во тимот, а јасно е дека неопходни се, потребни се нови имиња, екстра квалитетни засилувања.
Токму затоа раководството на Манчестер Сити со 200 милиони фунти ќе го “почести“ Пеп за ангажман на нови играчи.
Станува збор за три квалитетни имиња. Тоа се Мартин Зубименди од Реал Сосиедад кој чини 60 милиони фунти, потоа Бруно Гимараеш од Њукасл кој би чинел 75 милиони фунти и фантастичниот Виктор Ѓокерес од Спортинг Лисабон, кој би можел да се купи за 65 милиони фунти.
Со овие тројца секако дека Манчестер Сити во пролетниот дел би бил сосема нешто друго.