Луис Назарио да Лима или вистинскиот Роналдо е понижен како никогаш досега. Бразилската икона и еден од најдобрите фудбалери во историјата пред извесно време дојде во Ваљадолид како претседател на клубот кој оваа сезона се врати во Ла Лига.
Сепак работите не тргнаа во посакувана насока, а вчера на домашен терен тимот беше торпедиран од Атлетико Мадрид со 0:5. Пред мечот, за време на истиот, но и по него, фановите постојано извикуваа пароли против Роналдо, со транспаренти “кажаа“ тоа што го мислат, едноставно не го сакаат веќе Роналдо во нивниот клуб.
“Поен, сет и меч“ пишуваше на еден од транспарентите со што се асоцираше на тоа дека во време додека Ваљадолид игра натпревари Роналдо игра тенис.
Што ли му треба на Бразилецот ова со Ваљадолид на никого не му јасно!
Les supporters du Real Valladolid ont protesté hier soir contre la légende Ronaldo 🇧🇷, actionnaire principal du club 🥶pic.twitter.com/Mb6hCkGybO
— BeFootball (@_BeFootball) December 1, 2024
¿Que Ronaldo se va a jugar a tenis mientras el Valladolid juega contra el Getafe?
Pues ante el Atlético, su afición hace lo mismo👀🎾
📲 @pabloegea pic.twitter.com/6oXHgP5Xv7
— MARCA (@marca) November 30, 2024