Чаир и МКК Куманово со нови победи

54

Чаир вечерва одигра доминантно и на крајот оствари победа над Тиквеш од 79-70 во мечот од 8. коло во Првата Мтел лига. Седмата победа за чаирчани стигна по доминантното прво полувреме, во кое направија разлика која за Тиквеш во вториот дел беше практично недостижна. Гостите се потрудија и во третата и во четвртата четвртина да притиснат, но разликата беше преголема за целосен пресврт.

Ролинс со 20 и Кирк со 19 поени беа најефикасни кај домашните. Кај Тиквеш, Квери постигна 24, а Пантелиќ 23 поени.

Во првиот меч од неделната програма екипата на МКК Куманово стигна до гостинска победа против Шкупи од 57:83. Кумановци имаа високи (43:28) на полувремето, до кои дојдоа со одличен процент на реализација. Шкупи во ниту еден момент не успеа да го загрози ова  високо водство на гостите и на крајот беше поразен.

Четири играчи од стартните пет кај гостите имаа десет или повеќе поени. Најмногу, 22 постигна Луковиќ, Волер застана на 15, по 11 имаа Тадиќ и Блажевски, а десет постигна Радукиќ. Кај Шкупи, Трибл имаше 14, а Аранитовиќ 11 поени.

ПретходноСкандал во Русија: Познат клуб подмитувал судии, му се заканува исфрлање во понизок ранг!
СледноРаботнички му одржа лекција на Пелистер и го втурна во криза (ФОТО)