Удинезе – Џенова 0:2 е епилогот од првиот меч од денешната програма во Серија А во рамките на 14.коло. Секако дека се беше полесно за гостите ако се знае дека домашниот состав уште во 4.минута остана со играч помалку по исклучувањето на Туре.
Џенова тоа знаеше и тоа како да го искористи па уште во 13.минута со голот на Пинамонти дојде во водство од 0:1.
Конечните 0:2 беа дело на домашниот играч Џианети кој си даде автогол.
Со оваа победа Џенова сега има 14 бода и се наоѓа на 13.место на табелата во Серија А, додека Удинезе остана со тие 17 бодови.