19-годишната Јанкуловска во радарот на ЕХФ (ВИДЕО)

524

Марија Јанкуловска е една од дебитантките на Европското првенство кое се одржува во Австрија, Унгарија и Швајцарија. 19-годишниот бек во ремито против Турција (25-25) покажа голем потенцијал и потврди зошто се најде на списокот на Кристијан Грчевски.

На дуелот со Турција постигна два гола од три обиди, а еден се најде во центарот на вниманието. ЕХФ ЕУРО постојано објавува интересни моменти и неверојатни голови, овој пат токму Јанкуловска се најде во нивниот радар, со удар кој дефинитивно тешко се брани.

ПретходноВинисиус во проблеми – пристигна обвинение од Ла Лига
СледноМицевска ја има петтата најдобра одбрана (ВИДЕО)