Добри вести од Фиренца: Бове се разбудил, можно е да имал епилептичен напад

402

Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове кој колабираше на теренот во 17. минута од денешниот натпревар против Интер, е добро. Вакви вести стигнуваат вечерва од Италија.

Последните информации од Фиренца велат дека Едоардо Бове се разбудил од кома и е надвор од животна опасност. Италијанските медиуми јавуваат дека Бове разговарал со сите околу него, а во моментов се верува дека колабирал поради епилептичен напад.

На Едоардо Бове ќе му буде извршено снимање со магнетна резонанца, која ќе даде нови информации за неговата состојба.

Претходно„Пољуд“ во екстаза: Хајдук со нов триумф над Динамо (З) (ВИДЕО)
СледноСкандал во Русија: Познат клуб подмитувал судии, му се заканува исфрлање во понизок ранг!