По поразот во првото коло, репрезентацијата на Хрватска ремизираше со Фарските Острови (17:17) во мечот од второто коло на ЕП вечерва. За Фарските Острови ова е прв историски бод освоен на завршницата на континенталните шампионати.
Пред Хрватска е тешка задача во последното коло и дуелот со Швајцарија, која во групата Д претрпе пораз од Данска (35:30), која има стопроцентен учинок по воведните две кола.
Во групата Б, Црна Гора ја спречи Романија да дојде до нова победа откако во финишот триумфираше со 27:25. Во интересен меч Холандија беше подобра од Германија со 29:22.
Вечерва во битка за прва победа, Чешка во самиот финиш успеа да направи разлика од два гола и на крајот да слави над Србија со 27:24, а Исланд успеа со подобра игра во првиот дел на крајот да дојде до првата победа на првенството, совладувајќи ја Украина со идентични 27:24.