Во меч од 14.коло во Серија А, Наполи со триумф и кај Торино на гости со 0:1. Три бода на четата на стратегот Антонио Конте за зацврстување на лидерската позиција на табелата. Сега Наполи има 32 бода, четири повеќе Аталанта, Интер, Фиорентина, но и меч повеќе.
Стрелец на победничкиот гол беше МекТоминеј во 31.минута.
На вториот меч попладнево, Парма со 3:1 го победи Лацио. Ман, Хај Мохамад и Дел Прато беа стрелците за победничкиот состав, додека Кастеланос беше стрелец за Лацио.