Веќе две години, по нападот врз Украина, фудбалска Русија веќе две години е во “аут“. Речиси и да нема информации кои би биле интересни за тоа што сега прават фудбалерите, клубовите во таа земја. Единствено ако има скандал тогаш нашироки се пишува.
Па така и за Самара или Крила Советов, еден од најпознатите клубови во Русија. Имено на оој клуб му се заканува исфрлање во понизок ранг поради тоа што наводно подмутувал судии, односно им плаќал со цел тие да судат во корист на Крила Советов.
Интересно, овој скандал го откри гувернерот на Самара, Вјачеслчав Федортишчев кој истакнал дека првите луѓе на клубот несакајќи му ги откриле своите коруптивни дела по барањето пари од него за репрограмирање на клупските долгови.