Нено Димитријевиќ постигна три поени во неочекуваниот пораз на неговиот Милано во мечот од 9. коло во италијанската Лега А против Тортона и тоа на домашен терен со 94-98. Гостите имаа предност во текот на целото второ полувреме, а Милано не успеа да ја стигне разликата во финишот.
Димитријевиќ остана 23 минути на паркетот, со шут 1/2 за два поени и 0/5 за три поени. Нено еднаш погоди и од линијата за слободни фрлања.