Дуелот меѓу Фиорентина – Интер најверојатно ќе доигра следната година!

213

Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер сигурно нема да се одигра пред крајот на оваа година, пренесуваат италијанските медиуми. Како што е познато, вчерашниот натпревар на две од водечките екипи во Серија А беше прекинат во 17. минута откако домашниот играч за врска Едоардо Бове колабираше на теренот. 22-годишниот играч е префрлен во блиската болница каде неговата состојба е стабилизирана.

Се очекува средбата меѓу „виолетовите“ и „нероазуте“ да биде обновена дури во февруари, со оглед на нивните обврски во првенството, европските турнири и Купот на Италија. Доколку и двете екипи успеат директно да се квалификуваат во елиминациите од Лигата на шампионите и конференциската лига, избегнувајќи го плеј-офот, ќе го завршат она што го започнаа на 12 или 19 февруари. Инаку, алтернативни опции се 5 и 26 февруари за кога се закажани четвртфиналето на Купот, но можно е да се направат измени за да се одигра прекинатиот натпревар.

Дотогаш, Фиорентина и Интер ќе бидат зад повеќето тимови во Серија А на Италија, како и Болоња и Милан поради нивните одложени натпревари.

ПретходноФудбал сепак ќе се игра и тоа на очајни терени, и без публика!
СледноШок во Србија: Милошевиќ повеќе не е тренер на Партизан