Ни Раниери не успева да ја спаси Рома од бездната

75

Фудбалерите на Рома доживеаа нов пораз во италијанската серија А, откако вечерва претрпеа пораз од екипата на Аталанта со 0:2. Ова е четврт последователен пораз за „волчицата“ која во моментов се наоѓа во многу тешка ситуација.

Резултатот го отвори Де Рон со гол во 69-тата минута, а конечниот резултат го постави бившиот фудбалер на Рома, Николо Заниоло кој го постигна вториот гол во 89-тата минута. Клаудио Раниери се врати од пензија со цел да и помогне на „својата“ Рома која од почетокот на сезоната веќе смени два тренери. Но, по се изгледа дека ни Раниери нема да може да ја спаси „волчицата.

Во моментов Аталанта се наоѓа на второто место со 31 бод, додека пак Рома се наоѓа на 15-тото место со 13 освоени бода, само 2 бода од опасната зона.

ПретходноМбапе не се откажува од милионите, го пријави ПСЖ на „дисциплинска“
СледноАморим подготвил „шут-карта“ за Ериксен