Фудбал сепак ќе се игра и тоа на очајни терени, и без публика!

1462

Последните две кола од ПМФЛ сепак ќе се доиграат, вака одлучи комитетот за итност при ФФМ.

И покрај тоа што пет клубови (Вардар, Пелистер, Шкупи, Брера и Работнички) ја поддржаа иницијативата на Гостивар за одложување на 17-то и 18-то коло поради очајната состојба на терените, сепак беше донесена одлука дека истите мора да се доиграат.

Образложението на Комитетот за итност е немање на доволно слободни термини.

Идејата на половина од клубовите во ПМФЛ беше последните две кола да се доиграат на пролет кога ќе има нормални услови за игра кога станува збор за фудбал со прволигашки статус, но не неиде на одобрување.

Па за утре останува на програмата да се игра 17-то коло без присуство на публика, истото важи и за 18. коло, ќе се игра пред празни трибини.

Во рамките на 17-то коло со почеток во 13 часот ќе се сретнат: Брера – Работнички, Гостивар – Силекс, Пелистер – Брера, Шкупи – Струга, Вардар – Тиквеш, Воска – Шкендија.

ПретходноДуелот со Унгарија и тоа како има значење за македонските ракометарки
СледноДуелот меѓу Фиорентина – Интер најверојатно ќе доигра следната година!