Во второто сезонско дерби кое се играше во рамките на 15. коло на Суперспорт ХНЛ, Хајдук го победи Динамо со 1:0. Сега избраниците на Џенаро Гатузо му побегнаа на Динамо за кого настапуваат Стефан Ристовски Аријан Адеми со седум бода предност, додека имаат три бода повеќе од второпласираната Риека, колку што имаа и пред ова коло.
По мечот пред камерите застана капитенот на Динамо, Аријан Адеми, кој поради повреда не настапи на дербито.
„Прилично е тешко да се гледа од клупата, не заслуживме ниту да победиме. Ќе направиме се за да го смениме сето ова, главата горе. Мораме да излеземе како победници, нема друго. Имаме многу повреди, но имаме и ширина, сигурен сум дека во иднина ќе биде подобро и дека ќе свртиме во наша корист. Табелата изгледа катастрофално, им должиме на навивачите да ја смениме“, рече Адеми.