Тимот на Шкупи на пет меча по ред нема победа во ПМФЛ шампионатот. Од Чаир се надеваат дека во последните две кола од есенскиот дел, оваа ситуација ќе се поправи и дека Шкупи со позитивен финиш ќе замине на одмор.
Прва од двете задачи за тимот од Чаир е домашниот дуел против Струга Трим Лум. Утре со почеток од 13:00 часот Шкупи има задача конечно да ја прекине серијата без победа и да освои три бода.
“Подготовката на тимот е многу важна, пред се тактичката, бидејќи зависи од тоа како ќе играме на терен. Во последните неколку дена исто така работевме и на психолошкиот аспект, затоа што овој момент е многу важен за нас како тим, па верувам дека сме подготвени за утрешниот натпревар“ – изјави стратегот на Шкупи, Алпарслан Ердем па додава.
„Резултатите не се добри и секако дека тоа го разбираме. Сепак, тоа е дел од фудбалот. Во овие моменти важно е да бидеме обединети како тим уште повеќе, бидејќи верувам дека Шкупи ќе се врати многу подобар отколку претходно. Бевме еден од најдобрите тимови во лигата и така треба да биде“ – вели стратегот па поентира.
„Резултатот од првиот натпревар гласи 3:0. Тој ни влева доверба, но мислам дека Струга Трим Лум моментално е во многу подобра форма од тогаш. Секако дека сум возбуден, бидејќи имаат квалитетен тим, со добри индивидуални играчи, но ние сме подготвени и добро подготвени за овој натпревар“ – изјави Алпарслам Ерден.