Аморим подготвил „шут-карта“ за Ериксен

443

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим направил трансфер листа за зимскиот преоден рок и, како што уверува германскиот инсајдер Флоријан Плетенберг, Кристијан Ериксен е првиот што ќе мора да си оди.

Договорот на капитенот на данската репрезентација истекува во јуни, а за потсетување, тој пристигна на „Олд Трафорд“ летото 2022 година откако доживеа срцев удар на меч на Европското првенство. Тој ја оживеа кариерата во Брентфорд, а откако не покажа знаци на здравствени проблеми се очекува да нема проблем да најде клуб.

Според Плетенберг, португалскиот стручњак како замена во играчот од средниот ред ќе се обиде да го донесе Даглас Луиз од Јувентус.

ПретходноНи Раниери не успева да ја спаси Рома од бездната
СледноЧикаго убедлив против Бруклин (ВИДЕО)