Капитенот на Манчестер Сити, Кајл Вокер преку социјалните мрежи им с еобрати на навивачите на клубот, по синоќешниот пораз од Ливерпул на гостински терен, и по очајната серија на неуспеси како во домашниот шампионат, така и во Лигата на Шампионите. Истата го остави Сити на цели единаесет бодови заостаток зад лидерското место што секако е огромен проблем во обидот да се освои титулата во домашниот шампионат.
„Знаеме дека нашиот настап во последно време не ги исполни очекуваните стандарди. Знаеме дека беше тешко. Сепак, овие предизвици ги поминавме заедно и претходно. Тој ќе го направи тоа сега. Важно е во овој тежок период сите да останеме обединети како клуб. Вашата поддршка ни значи се, без разлика дали се работи за добри или лоши времиња. Освоивме титули во последните натпревари од сезоната и постигнавме рекордна кампања со сто поени во последен можен момент. Постојано покажувавме дека можеме да одговориме на предизвиците. Ќе го направиме тоа повторно. Ви ветувам дека ќе се бориме до самиот крај“, напиша Вокер.
View this post on Instagram