Гвинеја завиена во црно: Преку 100 навивачи го загубија животот (ВИДЕО)

411

Морничави сцени се снимени по фудбалски натпревар во Гвинеја, поточно во градот Н’Зокоре. Во оваа земја традиционално се одржува натпревар наречен „Мамади Думбуја“, а по завршувањето на еден натпревар се случија сериозни инциденти.

Во последните моменти од натпреварот помеѓу Н’Зерекоре и Лабе навивачите се судрија со полицијата. Ова се случи откако двајца фудбалери на Лабе добија црвени картони, а еден од министрите наводно побарал да се поништи. По ова следел пенал за Лабеа, кој ги разбесни навивачите кои почнаа да фрлаат камења. Полицијата одговорила со солзавец, а потоа настанал општ хаос.

Потврдено е дека во судирите има жртви, а инцидентите од стадионот се префрлиле на улица. На социјалните мрежи кружат вознемирувачки видеа од Африка, а на улиците може да се забележат безживотни тела на жртви, меѓу кои и деца. Се претпоставува дека во овие немири животот го загубиле повеќе од 100 луѓе, а во наредните часови ќе има подетални информации за жртвите.

 

ПретходноДоколку Салах не остане во Ливерпул, познато е чиј дрес би облекол
СледноЕХФ поради расизам парично го казни Пелистер