Македонската женска ракометна репрезентација денеска (18 часот) во „Феникс Арената“ во Дебрецин го игра последниот меч од групната фаза на Европското првенство. Иако нашите ракометарки немаат шанси за пласман во главната рунда, сепак дуелот против еден од домаќините на континенталното натпреварување, Унгарија, има резултатско значење.
Македонија има скор од реми и пораз, па против Унгарија ќе брка гол разлика која ќе ја однесе на третото место, а тоа значи и полесен противник во квалификациите за СП 2025 година.
Трката во својата група А ја води со Турција, која во моментов има гол разлика -6, додека пак Македонија има -10. Но, ова не е единствениот круг, во битката за најдобро третопласирани екипи се вклучени и други репрезентации кои веќе имаа освоено два бода. Па ќе се чека целосно комплетирање на групната фаза, по која ќе биде се познато.
Она што е најважно е избраничките на Кристијан Грчевски да се изборат за третата позиција во својата група, а освен што ќе го чекаат крајнсиот исход од Турција и Шведска ќе ги чекаат и останатите резултати од групната фаза.
Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија ќе биде директно пренесуван на каналот ТВ Арена Спорт 1.