ЕХФ поради расизам парично го казни Пелистер

200

Пелистер ќе мора да плати парична казна од 6.000 евра поради несоодветно и расистичко навивање на фановите за време на дуелот против данска Фредериција, одлучи Европската ракометна федерација.

Добро е познато дека политиката на ЕХФ е „нула толеранција“ за расизмот и несоодветното навивање со цел промоција и разбирање меѓу клубовите, без дискриминација по основа на раса, религија или политика.

„Во текот на натпреварот, симпатизерите на Еурофарм Пелистер јасно изразија несоодветно и расистичко однесување кон играчите на Фредериција. Мисијата на ЕХФ е да го поттикне пријателството и меѓусебното разбирање меѓу членовите, да не дискриминира врз основа на политика, раса или религија и да отфрли какви било нелегитимни практики во спортот.

Судот ја подвлече својата политика на нулта толеранција против расистичкото и несоодветно однесување и затоа изрече казна од 6.000 евра за Еурофарм Пелистер. Дел од глобата, односно 1.000 евра, се изрекува условно за период од две години од денот на издавањето на решението.

Во рок од седум дена може да се поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ“, се вели во објаснувањето на ЕХФ. 

ПретходноГвинеја завиена во црно: Преку 100 навивачи го загубија животот (ВИДЕО)
СледноДуелот со Унгарија и тоа како има значење за македонските ракометарки