Мбапе не се откажува од милионите, го пријави ПСЖ на „дисциплинска“

222

Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе го пријави ПСЖ до дисциплинската комисија на Француската професионална фудбалска лига (LFP) поради неисплатени бонуси додека играше во Париз.

Според изворот на Франс прес, рочиштето за овој случај ќе се одржи на 11 декември.

Мбапе ова лето како слободен играч се пресели во Реал од Пари Сен Жермен. Францускиот клуб одбива да му плати на Мбапе 55 милиони евра и покрај барањето на правниот комитет на ЛФП на 11 септември, кој првично предложи посредување, а потоа одлука донесе и Заедничката комисија за жалби на 25 октомври.

Француската фудбалска федерација исто така го одби барањето на клубот. Според статутот на ЛФП, во случај на неплаќање на сума што секако ја должи францускиот професионален клуб, можни се парични казни и забрана за купување играчи.

ПретходноЕвро 2024: Шведска ја растури Турција и не остави на 3. место во групата
СледноНи Раниери не успева да ја спаси Рома од бездната