Македонската женска ракометна репрезентација го одигра најдоброто прво полувреме на Европското првенство. Избраничките на Кристијан Грчевски во првите 30. минути против еден од домаќините на ова натпреварување, Унгарија 10-11. За разлика од претходните средби бројот на технички грешки беше дратично смален, во „Феникс Арената“ гледавме друга репрезентација.
Сара Ристовска има четири гола, Петковска пет одбрани, додека Мицевска една од седум метри.
Нашите ракометарки одлично го почнаа првото полувреме, по првите десет минути водеоа со 4-3, благодарение на Драгана Петковска која во овој периот запиша 5 одбрани, една од седум метри.
Одбраната беше далеку поцврста од претходните мечеви, а грешките преполовени, па нашите ракометарки одржуваа минимална позитива од еден гол (5-4 и 6-5) се до средината на првото полувреме кога со голот на Ристовска од седум метри, Македонија поведе со 8-6. Три минути подоцна, Сара не успеа да реализира седмерец за нови плус два, следеше казна на другата страна. Унгарија во 23. минута поведе со 9-8. Арсениевска стави крај на шестминутниот „пост“ во нападот за 9-9. Мицевска одбрани пенал, по што следеа грешки на двете страни, а Унгарија ја врати минималната позитива (9-10 и 10-11). За жал, Македонија не успеа да реализира нов седмерец, но на голема среќа ниту противникот не реализираше.
Останува да се надеваме дека ваква игра ќе гледаме и во следните 30. минути. Изненадувањата секогаш се дел од големите натпреварувања, па зошто вака да не биде сега.