Окон заврши со Алпин, во Абу Даби ќе дебитира Дуан

112

Естебан Окон најверојатно нема да ја заврши сезоната во болидот на Алпин. Како што објави „Моторспорт“, Окон нема да вози за тимот на Големата награда на Абу Даби, туку Џек Дуан, кој се очекува да го има своето деби токму на последната трка од сезоната 2024-та.

Францускиот возач не успеа да ја заврши трката во Катар, откако уште во првиот круг се судри со Франко Колапинто и Нико Хулкенберг, и по се изгледа, ова беше неговата последна трка за тимот, пред да му се приклучи на Хаас во 2025 година.

Ова ќе му овозможи на тимот да му даде шанса на Дуан за целосен викенд на подготовки во пресрет на следната година, кога ќе биде еден од двајцата возачи во Алпин.

ПретходноМиовски во „Тимот на месецот“ во Ла Лига (ФОТО)
СледноФА Куп: Супер-дерби уште во 3. коло – Арсенал vs. Манчестер Ј.