После две кола Македонија е лидер по загубени топки на ЕП

138

Македонската женска ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство кое се одржува во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Нашите девојки по ремито со Турција за противник во третото коло го имаат домаќинот Унгарија, кој претходно го доби дерби дуелот со Шведска и е лидер на табелата.

На овој шампионат, нашата репрезентација има голем број на загубените топки, што пак беа причина за убедливиот пораз од Шведска и ремито против Турција. Иако против турските ракометарки беше најавена победа, сепак истата не дојде токму поради честите грешки кои ги правеа „црвено-жолтите“.

Тимската статистика вели дека Македонија после две комплетирани кола е лидер во загубени топки, има вкупно 48 или 24 во просек. Со вакви бројки тешко може да се парира на посилните репрезентација, но и да дојде до победа против селекциите кои се со сличен квалитет.

 

ПретходноХрватите во чудо, Далиќ станува селектор на Катар?
СледноАнчелоти обајсни зошто Мбапе не го изведе пеналот