Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска не успеа да се пласира на главниот турнир на ИТФ фјучрсот што се игра во италијанскиот град Ортисеи. Таа во финалето од квалификациите загуби од Италијанката Елена Бочи со 2-1 во сетови (46 75 10-8 на поени). Мечот траеше безмалку два часа, а турнирот се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Првиот сет го доби Стоилковска со 6:4 во гемови. Поведе противичката со 2:0 во гемови, а Стоилковска успеа да го врати загубениот гем на свој сервис и изедначи на 2:2. Потоа следуваше уште еден брејк за водство од 4:2 и таа предност македонската тенисерка ја зачува до крајот на сетот. Во вториот сет македонската тенисерка повторно почна со негатива од 1:0, но следуваше и серија од пет гема и водство од 5:1. Сепак Бочи успеа да се врати во игра и да најави пресврт. Во деветтиот гем при водство од 5:3 за Стоилковска, на сервис за ривалката македонската тенисерка испушти и меч топка. Сетот со 7:5 во гемови го освпи Бочи и зедначи на 1-1 во сетови.
Во решавачкиот сет на поени, Стоилковска имаше водство од 7:6 на поени, но следуваше серија од три поени за италијанската тенисерка, која успеа да триумфира откако сетот го доби со 10:8 на поени.