Уште една „докторска“ партија на Србинот: Јокиќ испиша нова историја во НБА-лига (ВИДЕО)

436
Фото: Денвер Нагетс/Твитер

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ испиша нова историска страница во НБА лигата. Тојстигна до 138. трипл-дабл во кариерата и со тоа се израмни со легендарниот Меџик Џонсон на третото место на вечната листа.

За жал, Србинот до историскиот трипл-дабл дојде во поразот од Клиперс (126:122) на гостински терен. Тој забележа 28 поени, 14 скока и 11 асистенции, но тоа не му помогна на неговиот тим да победи во Лос Анџелес.

За одбележување е дека Сомборац го оствари својот 138. трипл-дабл во кариерата по 690 одиграни натпревари, додека на Меџик за овој подвиг му беа потребни уште 190 меча.

Интересно, првото место го држи соиграчот на Јокиќ, Расел Вестбрук со 199 трипл-дабл во кариерата, додека на второто место е Оскар Робертсон кој имаше 181 трипл-дабл.

Добра партија вечерва пружи и Лука Дончиќ. Словенецот беше една од главните причини за победата на Далас на гостински терен кај Портланд од 131-137. Дончиќ зад своето име запиша 36 поени, 7 скока и 13 асистенции.

Клилвенд конечно се врати на стартите навики дојде до победа над Бостон од 115-111. Њујорк славеше против Њу Орлеанс со 118-85, Торонто беше подобар од Мајами со 119-116, Јута на домашен терен беше совладана од Лејкерс со 105-131, додека пак Сан Антонио славеше на гости кај Сакраменто (125-127).

Претходно79 повредени на меч од Регионална лига во Германија
СледноАдеми по поразот од Хајдук: Не заслуживме да победиме! Табелата изгледа катастрофално!