ФА Куп: Супер-дерби уште во 3. коло – Арсенал vs. Манчестер Ј.

136

Вечерва беше извршена ждрепката за третото коло од најстарото фудбалско натпреварување во светот, англискиот ФА Куп. Во оваа фаза од турнирот влегуваат и екипите од Премиер лигата и во ова коло ќе бидеме сведоци на едно одлично супер-дерби.

Ждрепката сакаше уште во оваа рунда да се сретнат екипите на Арсенал и Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ кои се актуелен освојувач на трофејот ќе имаат тежок тест на стартот од одбраната на титулата.

Ждрепката беше многу поповолна за МанчестерСити, кој на својот „Емирати“ ќе се соочи со тимот на Салфорд. Одлична ждрепка добија и дел од останатите премиерлигаши. Ливерпул, наприме, на домашен терен че го пречека Акрингтон, Тотенхем ќе гостува кај Тамворт, Челзи го доби Моркамб, а Њукасл ќе игра со Брумли.

КОМПЛЕТНИ ДВОЈКИ – 3. КОЛО

Саутемптон – Свонси Сити

Арсенал – Манчестер Јунајтед

Ексетер Сити – Оксфорд Јунајтед

Лејтон Ориент – Дерби Каунти

Рединг – Барнли

Астон Вила – Вест Хем

Норвич Сити – Брајтон 

Манчестер Сити – Салфорд 

Милвол – Даг и Ред

Ливерпул – Акрингтон 

Бристол Сити – Вулверхемптон 

Престон  – Чарлтон 

Челзи – Морекамб

Мидлсброу – Блекбурн 

Борнмут – Вест Бромвич Албион

Менсфилд Таун – Виган 

Тамворт – Тотенхем 

Хал – Донкастер

Лестер  – Квинс Парк Ренџерс

Брентфорд – Плимут 

Ковентри  – Шефилд Венсдеј

Њукасл  – Бромли

Евертон – Питерборо 

Вајкомб  – Портсмут

Бирмингем  – Линколн Сити

Лидс – Херогејт

Нотингем Форест – Лутон

Шефилд Јунајтед – Кардиф

Ипсвич – Бристол Роверс

Фулам – Ватфорд

Кристал Палас – Стокпорт

ПретходноОкон заврши со Алпин, во Абу Даби ќе дебитира Дуан
Следно6-годишно дете доби забрана за влез на стадион затоа што фрлало картонски чаши на теренот?!