ФФМ има итност, Гостивар и други екипи бараат одлагања до пролет!

4846

Екипата на Гостивар покрена иницијатива, а има и поддршка од другите клубови последните две кола (17. и 18.) од ПМФЛ да бидат одложени за пролет. Причината за ова се хаотичните терени за играње низ земјава.

Комитетот за итност ќе треба одма да донесе одлука дали последните две кола од есенскиот дел од шампионатот ќе бидат одложени, бидејќи веќе утре се играат мечевите од ПМФЛ, кој еднаш беа поместени.

Добро е познато дека утрешните натпревари од 17-то ќе се играат без присуство на публика по одлука на МВР.

ПретходноАдеми по поразот од Хајдук: Не заслуживме да победиме! Табелата изгледа катастрофално!
СледноЃоковиќ со емотивен говор за Дел Потро ја расплака цела Аргентина (ВИДЕО)