6-годишно дете доби забрана за влез на стадион затоа што фрлало картонски чаши на теренот?!

86

6-годишно дете, навивач на екипата на Ле Авр, доби забрана за влез на стадионот на Ле Авр затоа што фрлало картонски чаши на теренот?!

Како што објави „Л’Екип“, ваквата одлука е донесена по натпреварот меѓу Ле Авр и Ремс.

Во второто полувреме детето фрлало картонски чаши и хартиени топчиња кон својот другар, кои очигледно случајно паднале и на теренот, зад рекламните табли и не направиле никаква штета.

„Малку е тажно, но мораме да одговориме на вакви ситуации и на влошување на однесувањето. Треба да ја подигнеме свеста кај оние кои не поддржуваат и да покажеме дека стадионот треба да остане место за славење, а не место за други дејанија“, изјави извор од клубот.

6-годишниот навивач нема да може да присуствува на домашните натпревари на својот тим до почетокот на следната година. Неговите родители за ова биле известени по пошта.

ПретходноФА Куп: Супер-дерби уште во 3. коло – Арсенал vs. Манчестер Ј.
СледноФИФПро ги објави 26-те кандидати за „Тимот на сезоната 2023/24“