Баерн (М) до нова година останува без Кејн

58

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, поради повреда нема да игра до крајот на годината.

Најдобриот стрелец на германската Бундеслига се повреди на саботниот натпревар меѓу Борусија и Баерн, а поради тоа ќе пропушти неколку недели, изјави тренерот на баварскиот тим, Винсент Компани.

Кејн почувствувал болка во бутниот мускул, а докторите на Баерн му рекле на Компани дека нема да може да смета на него до крајот на декември. Така Кејн ќе го пропушти натпреварот од 3. коло на Купот на Германија во кој Баерн ќе му гостува на бранителот на титулата Баер Леверкузен, како и дуелите од Бундеслигата против Хајденхајм, Мајнц и Лајпциг, но и дуелот од Лигата на шампионите против Шахтјор.

ПретходноОдлично прво полувреме: Македонија има само еден гол негатива против Унгарија
СледноЧикаго подготвен да ги трејдува Вучевиќ, ЛаВин и Бол