Грчевски: Пропуштивме многу чисти ситуации, одигравме добар турнир

219

Македонската ракометна репрезентација денеска во Дебрецин одигра едно одлично полувреме со фаворитот Унгарија, но во вториот дел комплетно потфрли и повторно загуби убедливо.

По натпреварот, селекторот Грчевски даде свое видување и за мечот денеска, и за целиот турнир.

„Игравме многу добро во првото полувреме, но во вториот дел имавме лоши моменти, не се концентриравме и пропуштивме многу чисти ситуации, што влијаеше на конечниот резултат. Одигравме добар турнир, ние сме млад тим и ќе имаме добра иднина“, вели Грчевски.

ПретходноФИФПро ги објави 26-те кандидати за „Тимот на сезоната 2023/24“
СледноЕвро 2024: Шведска ја растури Турција и не остави на 3. место во групата