Повремениот македонски репрезентативец Ти Џеј Шортс е прогласен за најкорисен кошаркар (МВП) во Евролигата за месец ноември.
Во соопштението се наведува дека Шортс е еден од главните „виновници“ за осумте последователни победи на Париз во Евролигата, вклучително и пет во периодот од 7 до 29 ноември.
Нашиот репрезентативец имаше просек од 19,6 поени и 8,4 асистенции со рејтинг од 25,2 во пет натпревари во ноември. Американскиот кошаркар со македонски пасош за првпат во кариерата е избран за МВП на месецот во Евролигата.