Шок во Србија: Милошевиќ повеќе не е тренер на Партизан

312

Иако со доаѓањето на Расим Љајиќ и Предраг Мијатовиќ како нови раководни лица на ФК Партизан, се сметаше дека нештата во овој клуб полека ќе се смируваат очигледно дека на турбуленциите им нема крај.

Јавноста во Србија тврди дека Саво Милошевиќ нема да биде повеќе тренер на Патизан, а причина за тоа е наводното барање од управата тој да ја смали актуелната плата.

Поточно ова е второ барање за вакво нешто откако Милошевиќ веќе доброволно ја намали платата за 10%. Сепак, за второ намалување не сакал да се согласи и си заминува од тренерското место.

Милошевиќ веќе се спакувал од тренинг центарот на Партизан и само се чека официјалниот состанок со управата за да заминувањето биде заверено што се вели.

Тој има скор од шест победи и две ремија во овој мандат како тренер на Партизан, и ја врати добрата игра и успесите во клубот во многу специфична ситуација.

 

ПретходноДуелот меѓу Фиорентина – Интер најверојатно ќе доигра следната година!
СледноВерстапен: Ја загуби сета моја почит!