Интер ги собра сите почести во Серија А

142

Синоќа во Милано се одржа Гала прославата по повод доделувањето на наградите во Серија А, за најдобрите во изминатата сезона во Италијанскиот фудбалски шампионат.

Секако, во главна улога тимот на Интер, кој што доби најмногу почести, па нормално одиме со ред.

Интер е прогласен за тим на сезоната, а Симоне Инзаги ја заслужи наградата за тренер на годината. Ѕвездата на „Нероаѕурите“ Лаутаро Мартинез е прогласен за играч на годината, додека голот на Маркус Турам е прогласен за гол на годината во победата од 5:1 над Милан.

Во идеалниот единаесет на сезоната има дури седум играчи на Интер. Јан Сомер, Алесандро Бастони, Федерико Димарко, Николо Барела, Хакан Калханолу, Лаутаро Мартинез и Маркус Турам.

Наградата за најдобар судија му припадна на Даниеле Орсато.

 

ПретходноЃоргиев со 25 поени и 4 аса втор најдобар поентер во 11. коло во Турција
СледноВаљадолид остана без тренер