Мареска: Челзи ќе доминира во англискиот фудбал во следните 10 години!

140

Енцо Мареска не го гледа Челзи како кандидат за титулата оваа сезона, но верува дека клубот може да доминира во англискиот фудбал во следните десетина  години поради квалитетот и возраста на тимот.

Италијанскиот тренер го предводеше лондонскиот клуб до 25 бода во досегашната сезона. На прес-конференцијата пред натпреварот против Саутемптон во среда, тој исто така откри и една прогноза што ја дал првиот пат кога се сретнал со раководството.

„Она што им го кажав на сопствениците и спортските директори кога првпат ги запознав е дека Челзи ќе биде еден од тимовите кои ќе доминираат во англискиот фудбал во следните пет до десет години. Поради возраста и поради квалитетот на составот“, вели Мареска.

ПретходноАлкалоид со 46 постигнати гола до нова победа во Суперлигата
СледноАморим: Во Јунајтед сите се важни